ДОБРО УТРО, ПОРТО …!!! ДОБАР ДЕН, СРЕЌЕН ДЕН … МАКЕДОНИЈО …!!!
Пред осум години, по моето враќање од Светското фудбалско првенство Brazil 2014, на улица „Македонија“ среде Скопје имав гостување во живо во централните вести на Канал 5 телевизија.
Во таа прилика, објаснував некои нешта во контекст како една фудбалска репрезентација може да се пласира на Светско фудбалско првенство и што тоа би значело за државата и нацијата …
Истиот период имав интервју со спортски новинар Зоран Поповски – Зоки Поки за Неделникот „Република“. И во двете прилики бев јасен, гласен и недвосмислен:
МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА МОЖЕ И ЌЕ ИГРА НА ЗАВРШНИЦАТА НА ЕВРОПСКИ И НА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО …!!!
Пред две години моите аргументи и тези во однос на Европското фудбалско првенство, односно за пласманот на нашата репрезентација на финалниот дел, се обистинија и потврдија. Игравме на EURO 2020/21 во Букурешт и Амстердам.
Денес (29 март, 2022 година) исправени сме пред портите на Светското фудбалско првенство Qatar 2022.
Портата на која вечерва ќе чукнеме за да влеземе меѓу 32-те најдобри репрезентации се вика – Порто …!!!
Се надевам и очекувам да го славиме пласманот на „мондијалот“ со славеничкото „ДОБРО УТРО ПОРТО“ – ДОБАР ДЕН, СРЕЌЕН ДЕН – МАКЕДОНИЈО …!!!