ВИДЕО СО ОСУМ ПРЕСВРТИ – „ТАКТИКА“ НА КАРЛО АНЧЕЛОТИ …!!!

Карло Анчелоти продолжува да пишува фудбалска историја. Изминатиов викенд стана првиот тренер во историјата кој освои титула во петте најсилни лиги во светот, вечерва стана првиот тренер во историјата со пет финалиња во Лигата на шампионите.

Неговиот Реал Мадрид беше на работ од бездната како никогаш досега оваа сезона, имаше два гола негатива до 90-та минута. Сепак, „кралевите“ “ на Европа успеа да пронајде сили и постигна два гола во период од една минута за продолженија и сензационален кам-бек против Манчестер Сити.

Во продолженијата Реал го искористи моментумот и постигна гол преку Бензема за 3-1 на „Бернабеу“, а на крајот со вкупни 6-5 се пласираше во големото финале во Лигата на шампионите, режирајќи дури деветти пресврт оваа сезона во сите натпреварувања.

– Големината на овој клуб го прави ова. Овој клуб никогаш не ви дава за право да се откажете. Кога се изгледа загубено, ви дава да се борите, последен атом од силите. Ве тера да продолжите, да верувате. Кога се изгледаше готово, пронајдовме енергија за два гола. Потоа влеговме со психолошка предност во продолжението. Имавме тешка задача во осминафиналето, тешка во четвртфиналето, го повторивме истото сега и не е случајно. Победивме три тима кои беа кандидати за титулата во Лигата на шампионите, а сега не чека уште еден таков тим во финалето, – изјави Анчелоти, кој откри какво видео им пуштил на играчите пред натпреварот.

– Им покажав едно видео пред натпреварот. Видеото беше посветно на сите пресврти кои ги направивме оваа сезона, а тоа беа вкупно осум. Видеото завршуваше со пораката „Недостасува уште еден“ и го направивме тоа, – откри Карло.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register