ЗА ФУДБАЛОТ И ОКОЛУ НЕГО, НА БАЛКАНОТ, ДО НАС …
ЗА ФУДБАЛОТ И ОКОЛУ НЕГО, НА БАЛКАНОТ, ДО НАС …
Хрватскиот портал www.index.hr објави (според Хрватите) сензационална вест дека –
ДАВОР ШУКЕР ЈА ИЗГУБИЛ ДОВЕРБАТА НА ИЗВРШНИОТ ОДБОР НА ХРВАТСКАТА ФУДБАЛСКА ФЕДЕРАЦИЈА – …
За ова ви оставам изворно да си прочитате …
Она што мене ми падна во очи е коментарот на извесниот Miroslav Tomasevic од Ужице, Србија … И тоа можете изворно да го прочитате на вториот линк подолу …
На третиот линк (кој го нема), а всушност би сакал да се моите десетина реченици што ќе следат како отворени прашања, е состојбата во македонскиот фудбал …
Хрватите незадоволни од претседателот Шукер кој има извонредно CV како поранешен фудбалер и како актуелен прв човек на хрватската фудбалска федерација. Хрватска е втора на светот, ЕЈ, ВТОРА НА СВЕТСКОТО ФУДБАЛСКО ПРВЕНСТВО RUSIA 2018 И – ШУКЕР ГОЛТА КНЕДЛИ …!!!
Српскиот љубител на фудбалот Мирослав Томашевиќ, на критиките на сметка на Шукер, и во споредба со сотојбата во српскиот фудбал и тамошната Фудбалска федерација, прашува „КОЈ Е ОВДЕ ЛУД“? Томашевиќ има позитивна критика заборавајќи на успесите на српските фудбалски клубови на меѓународна сцена … Српскиот национален тим е така-така, сепак, со шанси за пласман на EURO 2020 …
КАДЕ СМЕ НИЕ ВО ОВАА „БАЛКАНСКА ФУДБАЛСКА КАЛАКУРНИЦА“ …!!!??? НАЈГОЛЕМ НАШ ДОСТРЕЛ НИ СЕ ПОНИШТЕНИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА РАБОТА НА НЕКОЛКУ ОПШТИНСКИ ФУДБАЛСКИ СОЈУЗИ ДОНЕСЕНИ ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА СПОРТ И МЛАДИ …
ИДИ БЕГАЈ, БЕ, НИЕ СМЕ ЛУДИТЕ …