Адеми: Да победиш убедливо калчо-лигаш е историски резултат …!!!

Динамо Загреб ја игра својата седма сезона во Лигата на шампионите, но и покрај тоа тешко дека ќе се сетите на така убедлив триумф против така силна екипа која доаѓа од италијанското „калчо“ како што е Аталанта која беше декласирана со 4-0 од хрватскиот шампион …

Хрватскиот шампион Динамо одигра феноменална партија против Аталанта. На увертирата во Лигата на шампионите сезона 2019/2020 година Динамо ја победи Аталанта со 4-0. Иако ја игра својата седма сезона во Лигата на шампионите, но и покрај тоа тешко дека ќе се сетите на така убедлив триумф против така силна екипа која доаѓа од италијанското „калчо“ како што е Аталанта која беше декласирана на „Максимир“.

Домашните делуваа доминантно и го надиграа противникот во секој поглед. Еден од најдобрите на теренот беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми.

Ја бележиме неговата изјава дадена по натпреварот

  • Што да кажам освен дека одигравме величенствено. Ваков меч не се заборава. Ваква победа влегува во историјата. Ова треба да се прослави, но немаме многу време, нè чекаат нови натпревари. На ваков начин да победиш еден од најдобрите калчо-лигаши не е мала работа. Морам да ги пофалам моите соиграчи, но и фановите. Сепак, мора да останеме со мирни глави, затоа што ништо не е завршено“, – рече македонскиот фудбалер.

Искусниот играч за врска во оваа победа учествуваше со една асистенција, а се издвои и како еден од фудбалерите со најголема истрчана километража од 10,54 километри.

Иако италијанскиот шампион беше фаворит на хартија, на „Максимир“ се загуби и му дозволи на домаќинот да си поигра со него. Фаворитот претрпе најубедлив пораз во првото коло на Лигата на шампионите.  Најзаслужен за тоа е Mislav Orsik kој постигна три гола, а еден даде Marin Leovac.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register