Тежок пат до Катар за македонската репрезентација … !!!

Нашата репрезентација е во група со Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн, на завршницата се пласира само првопласираниот во групата

Во седиштето на ФИФА во Цирих се одржа ждрепката за европските квалификации за пласман на Светското првенство кое за прв пат ќе се одржи на зима  во Катар 2022 година.

Репрезентацијата на Македонија беше сместена во четвртиот шешир во изборот, па нормално не доби противник само од оваа конкуренција. Македонија по ждрепката се најде во групата Ј, каде ќе играат селекциите на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн.

Шансите за пласман на нашата селекција на Мундијалот се мали, но момците на Ангеловски со сигурност ќе пружат отпор на сите ривали.

Натпреварите од првото коло се закажани за 24-25 март, а последното десетто на 14-16 ноември идната година. Во мартовската и септемвриската репрезентативна рунда ќе се одиграат по три мечеви, додека во октомври и ноември по два.

Само првопласирани селекции ќе обезбедат директно учество на Мундијалот, додека вторите ќе играат плеј-оф и тоа ќе мора да минат две рунди.

Покрај десетте второпласирани од квалификациите, две репрезентации ќе обезбедат учество во плеј-офот и преку Лигата на нациите. Поточно двете најдобро рангирани во наредното издание на Лигата на нациите кои не се веќе пласирани на Светското првенство ќе учествуваат во полуфиналниот бараж.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register