Седми мундијалски квалификации за репрезентацијата на Македонија

Нашиот национален фудбалски тим во март 2021 година ќе го започне својот седми циклус квалификации за Светско првенство Катар 2022 година во кој имаме тешка група

Нашиот национален тим во март 2021 година ќе го започне својот седми циклус квалификации за Светско првенство. Веројатно првиот од нив, оној во 1996 и 1997 година, за пласман на Мундијалот во Франција 1998 година, кога Македонија водена од селектроот Хаџиевски се бореше до самиот крај е нашиот најдобар циклус за Светско првенство.

Следната година ќе се соочиме со стари познаници како Ерменија, Лихтенштајн, Романија и Исланд. Првпат ќе играме против четирикратниот светски шампион Германија. Низ квалификациските циклуси сме имале и поквалитетни и покомотни групи од оваа која ја добивме со жрепката за СП Катар 2022 година.

Квалификации за СП 1998
Македонија
Романија
Република Ирска
Лихтенштајн
Исланд
Литванија

Квалификации за СП 2002
Македонија
Словачка
Азербејџан
Молдавија
Шведска
Турција

Квалификации за СП 2006
Македонија
Холандија
Романија
Ерменија
Финска
Чешка

Квалификации за СП 2010
Македонија
Холандија
Шкотска
Исланд
Норвешка

Квалификации за СП 2014
Македонија
Србија
Хрватска
Шкотска
Белгија
Велс

Квалификации за СП 2018
Македонија
Шпанија
Италија
Албанија
Израел
Лихтенштајн

Квалификации за СП 2022
Македонија
Германија
Романија
Исланд
Ерменија
Лихтенштајн

Во очекување на возниот ред од европската зона квалификации за Светското првенство во Катар познати се термините, кои се во рамка на една календарска година, со иклучок на плеј-офот, кој ќе ги даде последните учесници во пролетта 2022 година.

Низ десет кола ќе бидат познати претставниците на стариот континент на катарскиот Мундијал, а меѓу март и ноември нашиот национален тим ќе ги одигра сите десет натпревари против ривалите.

Термини за квалификационите кола: 
Прво коло: 24-25 март 2021 година
Второ коло: 27–28 март 2021 година
Трето коло: 30–31 март 2021 година
Четврто коло: 2 септември 2021 година
Петто коло: 5 септември 2021 година
Шесто коло: 7-8 септември 2021 година
Седмо коло: 9 октомври 2021 година
Осмо коло: 11-12 октомври 2021 година
Деветто коло: 13 ноември 2021 година
Десетто коло: 14–16 ноември 2021 година

Плеј-оф:
Полуфинале: 24-25 март 2022 година
Финале: 28–29 март 2022 година

Само првопласирани селекции ќе обезбедат директно учество на Мундијалот, додека вторите ќе играат плеј-оф

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register