Лигата на шампионите без групна фаза …!?

Од канцеларијата на UEFA во Нион нема ниту потврда, ниту демант, но најтиражните спортски европски весници пишуваат за нов формат на Лигата на шампионите каде би се играло без групна фаза

Лигата на шампионите во фудбал, натпреварување кон кое се свртени милиони гледачи. Атрактивноста на оваа лига достигнува максимум или …!? Најавите од тиражните спортски (и други) весници како што е „Тајмс“ велат дека UEFA веќе ја подготвила новата шема на натпреварување во Лигата на шампионите која би почнала од 2024 година.

Од канцеларијата на UEFA во Нион нема ниту потврда, ниту демант. Но,  најтиражните спортски европски весници пишуваат за нов формат на Лигата на шампионите каде би се играло без групна фаза. Тоа би била драстична промена во системот на натпреварување.

Имено, новинарските претпоставки базирани на инсајдерски информации од Нион велат дека  од 2024 година драстично би можела  да го промени форматот во Лигата на шампионите. Според „Тајмс“, УЕФА ги разгледува сите свои опции за нов циклус на продажба на ТВ-правата кои вредат милијарди евра, а кој договор треба да стартува од 2024 година.

Според овие информации, сегашната фаза по групи би се укинала. Бројот на екипите би останал ист – 32, но сите би играле „на едно место“ …!!! Натпреварите би се играле според таканаречениот „Швајцарски систем“. По одиграни 10 кола, првите осум екипи ќе одат директно во осминафиналето, додека наредните 16 екипи на табелата (од 9-то до 24-то место) би играле во плејофот. На тој начин би биле утврдени преостанатите осум екипи (плус првите осум) кои би играле во нокаутфазата т.е. во осминафиналето.

Ваквиот систем е карактеристичен за шаховските турнири на кои играат голем број шахисти. По секоја одиграна рунда се одредуваат парови за наредното коло. На тој начин, противниците би биле шахисти (во нашиот слуичај – фудбалски екипи) кои имаат ист или приближно ист број на освоени бодови.

Тимовите кои веќе еднаш имале заедничка пресметка нема да можат да се сретнат двапати. Од прва може да се забележи дека ваков формат би донел целосна промена во Лигата на шампиони

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register