ОСУМ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ СЕ ПЛАСИРАА НА „МОНДИЈАЛОТ“ ВО КАТАР 2022

 

Осум европски репрезентации изборија пласман на „мондијалот“ во Катар 2022 меѓу кои се Србија и Хрватска

 

Денес и утре (16.11.2021) се играат последните две рунди на европската зона од квалификациониот циклус за пласман на завршницата на Светското фудбалско првенство Катар 2022.

 

Осум репрезентации, како првопласирани во квалификационите групи, обезбедија пласман на финалниот турнир. Тоа се: Германија, Англија, Шпанија, Франција, Белгија, Данска, Србија и Хрватска. Овие селекции можат да бидат спокојни и веќе од денес да ги почнат подготовките за Катар.

 

Блиску до таа цел се и репрезентациите на Италија и Холандија.

 

Во „Ц“ групата на Италијанците им е потребна победа на гостувањето кај Северна Ирска, додека Холанѓаните и со реми на домашен терен против Норвешка директно ќе се пласираат на „мондијалот“.

 

Во заседа на евентуален неуспех на Италија чека Швајцарија која денес (15.11.2021) игра против Бугарија на домашен терен, и доколку Италија не победи, Швајцарија ќе ја помине со повеќе бодови на табелата.

Има и друга математика поврзана со гол-разликата. На пример, доколку Италија победи само со 1-0, а Швајцарија ја победи Бугарија со 4-0, тогаш Швајцарците ќе бидат првопласирани заради подобрата меѓусебна гол-разлика. Интересно, во секој случај.

 

Во „Г“ групата Норвешка, пак, и да ја победи Холандија пак не може да биде сигурна дека директно ќе се пласира на „мондијалот“. Причината е што во таа „Г“ група шанси за директен пласман има и Турција која утре (16.11.2021) гостува на Црна Гора. Доколку победат против Црногорците, а Холанѓаните загубат од Норвешка дома, ете ги Турците директно на „мондијалот“ во Катар, и тоа заради подобра гол-разлика од Норвежаните. Има и други математики во оваа замрсена група, но за тоа – потоа …

 

Ситуацијата со второпласираните репрезентации од 10-те групи е уште покомплицирана. Засега сигурен бараж имаат обезбедено шест репрезентации. Покрај нашата репрезентација, во оваа комбинација сигурни второпласирани се уште: Португалија, Шведска, Русија, Шкотска и Полска.

 

Другите четири ќе се знаат по одигрувањето на денешните и утрешните квалификациони натпревари. Во комбинација се: Швајцарија (или Италија), Финска (или Украина), Велс (или Чешка) и најнеизвесно во групата “Г“ каде Холандија, Норвешка и Турција ќе поделат две места (првопласиран и второпласиран), а еден ќе испадне.

 

Она што е уште познато е дека репрезентацијата на Австрија како најдобропласирана репрезентација во Лигата на нациите, а која не обезбеди директен пласман ниту бараж преку квалификациите за СП во Катар 2022, стекнува право да игра бараж натпревари за пласман на „мондијалот“.

 

Тука виси уште една репрезентација како најдобропласирана во Лигата на нациите во сезоната 2002/2021 година, а која не обезбедила директен пласман или бараж за Катар 2022. Со нејзе се затвора кругот на 12-те репрезентации кои ќе играат во баражот.

 

Но, која репрезентација ќе биде тоа, ќе се знае во вторник (16.11.2021) навечер. Кандидати за оваа позиција се Велс или Чешка, во зависност од нивните резултати во последните квалификациони натпревари

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register