ДАЛИ “ЗЛАТНАТА ТОПКА” ПОЧНУВА ДА ФАЌА Р’ЃА …!!!???

Летото 1994 година, враќајќи се од Светското фудбалско првенство САД 1994 година како новинар на Неделниот спортски магазин “СКОК”, на летот Њујорк-Софија, ја имав лудата среќа да летам со фудбалската репрезентација на Бугарија …

 

Во авионот направив ексклузивно интервју со Христо Стоичков, капитен и лидер на тимот, кој ми рече (го даде насловот): “ЗЛАТНАТА ТОПКА ЌЕ БИДЕ МОЈА” …!!!

 

Интервјуто стои како крунски доказ во архивата на “СКОК” за признанието кое го измислило изданието “Франс фудбал”, а кое се доделува на најдобриот европски фудбалер години наназад …

 

Во 2010 година, судбината сакаше така или Господ ги нареди коцките, бев присутен во Јоханесбург, Јужна Африка кога легендарниот FIFA претседател Јосиф Сеп Блатер одржа прес-конференција на тема “Златна топка” …

Повод беше потпишување на договор меѓу FIFA и ‘Франс фудбал” за – ОБЕДИНУВАЊЕ НА НАГРАДАТА наречена “Златна топка”.

 

Од тогаш, ми се чини, почна да се нафаќа р’ѓа на топката направена (или облиена) со злато.

Последниот избор на Меси само ги потврдува моите тези …

 

За 10-на дена ќе се објават гласовите на преставниците на 208 земји/држави членки на FIFA. Гласаат селекторите и капитените на националните селекции ширум светот. Гласаат и по еден спортски новинар од секоја држава …

 

Гласав и јас, и тоа пред изборот (недоличен за мене) на Меси … Претпоставувате, мојот глас отиде кај друг номиниран фудбалер …За кого гласав, ќе дознаете кога ќе објават сите спортски медиуми низ целиот свет …

 

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register