ЛОБЕЛО VERSUS ДУРГУТОВ – СТАДИОН ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МИНАТИОТ ВЕК … !!!
Пред неколку дена ми се јави Благоја Спасовски – Лобело, некогашен прволигашки фудбалски судија. Инаку, мој добар дамнешен пријател (како што можете да видите и на фотографијава која датира од минатиот век).
Славниот Лобело децении наназад работеше во монденскиот Лас Вегас, во срцето на американската забава. Како што самиот ми кажува, на почетокот во Америка и судел на фудбалски натпревари и бил активен.
Сега „ги тепа“ пензионерските денови, живее (да не речам) си уживка во Лас Вегас, САД.
Тема на разговор: фудбалска …!!! Од „Морава до Дунава“, од се по нешто, за секого по збор-два … Му ја праќам фотографијата да ја види, „пее“ од другата страна на слушалката ….
– Дургут, бе, Дургут …. !!! Кај ја најде сликава, бе, брат…!? Млади сме, Дургут, ергени …
Инаку, фотографијата е од богатата колекција на Неделниот спортски магазин „СКОК“ направена од плејадата фоторепортери предводени од Томислав Димовски-Бучка, Роберт Спасовски, Слободан Боби Ѓуриќ …
Лобело беше четврти (резервен судија), јас новинар на „СКОК“ онака костумисан (!?) кој се намести позади голот/голманот, а не во новинарската ложа … Лобело приоѓа и остро ме прекорува дека не ми е тука местото …
Времиња беа тоа, му викам: „Ај, глеј си работа. не мрдам од тука, да те видам …“…!!!
На полувремето, сепак, се преместив каде што требаше, а Лобело се смири долу покрај аут-линијата …