Ливерпул и Реал Мадрид пишуваат нова историја

Во финалето на 28 мај во Париз ќе играат двата познати клуба Реал Мадрид и Ливерпул, поточно na Сен Дени.

Јирген Клоп во вторникот стана четврти тренер со четири финалиња во Купот на шампионите или Лигата на шампионите. Но, ден подоцна Карло Анчелоти влезе во историјата како прв тренер со пет финалиња!

И ако Реал победи во финалето, ќе биде првиот тренер со четири пехари.

Реал Мадрид и Ливерпул ќе се сретнат по трет пат во финалето на Купот или Лигата на шампионите. Во 1981 година во Париз беше 1-0 за Ливерпул (тогаш тренер на Реал беше Вујадин Бошков).

Во 2018 година во Киев беше 3-1 за Реал. Тогаш блесна Герет Бејл, а трагичар беше голманот Кариус.

Мадриѓаните освоија рекордни 13 трофеи, од кои седум во ерата на Лигата на шампионите. Тие веќе имаат освоено една со Карло Анчелоти (во сезоната 2013/2014).

Интересно е тоа што Реал Мадрид има совршен рекорд во финалето на Лигата на шампионите: седум победи од седум натпревари. Последен пат загубија во борбата за европски првак во 1981 година од Ливерпул во Париз.

Ливерпул испиша историја во овој циклус од Лигата на шампионите бидејќи победи на сите шест натпревари кои ги одигра надвор од Ливерпул – во Порто, Мадрид (Атлетико), Милан, повторно Милано (Интер), Лисабон (Бенфика) и Виљареал.

Дали е на ред Париз?

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register