Горан Пандев во друштво на Занети, Хандановиќ и Мацола

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев го одигра 450-от натпревар во италијанската „Серија А“ што го прави четврти на вечната листа на странци кои играле во „калчото“

Македонскиот репрезентативец Горан Пандев, наедно и капитен на нашата „А“ репрезентација, го одигра 450-от натпревар во италијанската „Серија А“ што го прави четврти на вечната листа на странци кои играле во „калчото“. Тоа е своевиден подвиг на „El Grande Pandev“ кој е на вечната листа на странци кои одиграле најмногу натпревари во италијанската прва лига, веднаш зад Занети (615 настапи), Хандановиќ (485) и Мацола (459).

Пандев го оствари подвигот на натпреварот од редовното 10-то коло на „Серија А“ кога Џенова играше против Торино на домашен терен, а Пандев влезе во игра од клупата за резервни фудбалери. За несреќа, Џенова загуби како домаќин од Торино (1-2), пораз во кој нашиот Пандев беше асистент при постигнување на голот за неговиот тим во судиското продолжение. Оваа асистенција беше 54-та по ред за Горан Пандев во „Серија А“.

Подвигот на капитенот на нашата национална селекција доаѓа во вистински момент, само недела дена пред решавачкиот финален дуел на репрезентациите на Македонија и Грузија после кој ќе се знае кој ќе игра на Европското фудбалско првенство 2021 година. Да се надеваме дека овој подвиг ќе биде додатна мотивација за историскиот дуел на македонската фудбалска репрезентација кој ќе се игра на 12 ноември во Тбилиси, Грузија.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register