Голот во Тбилиси е мојот најдраг гол во кариерата …!!!
Несомнено, голот што го постигнав против Грузија во Т`билси кој не однесе на Европското фудбалско првенство е мојот најдраг гол во кариерата, – изјави Горан Пандев
Горан Пандев беше клучниот играч на фудбалската репрезентација на Македонија на финалето против репрезентацијата на грузија. Тоа беше натпревар кој реши нашата селекција да се пласира на EURO 2021. Искусниот напаѓач со погодокот во Тбилиси ја одведе нашата репрезентација за првпат на големо фудбалско натпреварување, со што го оствари својот, но и сонот на македонската нација.
Нашиот 37-годишниот напаѓач во јуни следната година ќе ја води Македонија на големата европска сцена и ќе брка сензација против фаворизираните селекции на Австрија, Украина и Холандија.
Пандев во интервју за македонските медиуми зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и за настапот на Македонија на континенталниот собир.
- Во нашата група предност имаат Холандија, Украина и Австрија. Кога играте опуштено и немате што да изгубите, можете да направите многу повеќе. Се надеваме дека ќе земеме некој бод и ќе ја заземеме најдоброто можно место во групата Ц “, – вели Пандев.
Според него главни фаворити за трофејот на EURO 2021 се репрезентациите на Италија, Белгија, Франција и Германија …
- Играм во Италија и знам дека таа се врати на големата сцена со млада и многу квалитетна репрезентација. Франција и Германија се постојано фаворити. Мислам дека Португалија и Холандија се одлични репрезентации кои ќе се борат за освојување на европската титула. Белгија е исто така меѓу најдобрите. Тие играат заедно многу години и можеби се главниот фаворит за освојување на Европското првенство. Исто така и Хрватска може да игра голема улога. Сепак, таму на еден начин има смена на генерација и сигурно нема да ѝ биде лесно да го повтори успехот од Светското првенство. Би сакал повеќе селекции од регионот да играа на Европското првенство,- додава нашиот капитен.
Пандев се наврати и на настапите на Македонија во Лигата на нации, а голот против Грузија за него е најдраг во кариерата.
- Несомнено, овој гол е мојот најдраг во кариерата, затоа што со истиот се пласиравме на ова Европско првенство. Во дваесет години колку што играм за Македонија се случуваа многу лоши работи и сум минал низ многу проблеми. Затоа еднаш се разделив со селекцијата, но откако Ангеловски ми го претстави својот проект, без размислување решив да се вратам,- додава Пандев.
На Европското првенство Македонија свето деби ќе го има на 13 јуни против Австрија, а потоа во Букурешт (17 јуни) ќе се судри уште со Украина, додека дуелот со Холандија ќе го игра во Амстердам (21 јуни).