Фудбалски кантар на учесниците на EURO 2021

На завршницата на Европското првенство ќе играат 24 репрезентации од фудбалерите на Англија и Франција „тежат“ милијарди евра, додека нашите репрезентативци се претпоследни со пазарна вредност од 63,2 милиони евра

Врвните фудбалери заработуваат многу, многу. Секако, и вредат – многу, многу …!!! Секоја фудбалска „ѕвезда“ си има своја цена, своја вредност која фудбалските аналитичари и европски финансиски стручњаци педантно ја измериле. Во та насока, позната е вредноста на 24-те репрезентации кои идното лето (11 јуни – 1 1јули) ќе играат за завршницата на Европското фудбалско првенство.

Меѓу учесниците е и репрезентацијата на Македонија за која проценетата вредност на фудбалерите е утврдена на 63,2 милиони евра. Со оваа цена нашите репрезентативци се на претпоследното 23-то место и зад нив се единствено репрезентативците на Финска кои се проценети на 34,6 милиони евра.

Од репрезентациите кои се во нашата група најголема вредност има Холандија со 551 милиони евра. Австриските фудбалери се проценети на 257 милиони евра, додека украинскиот тим „тежи“ 139 милиони евра.

Највреден состав е англискиот. Нивните репрезентативци се проценети или вредат дури 1,4 милијарди евра …!!! Фантастична сума, дури и за Англичаните кои, по инерција, имаат највисоки цени на фудбалскиот пазар.

На второ место според цената на фудбалерите се Французите. Нивните репрезентативни нозе се проценети на една милијарда евра. Трети се Шпанците со пазарна фудбалска вредност од 842 милиони евра.

Италијанците вредат 824,5 милиони евра, Португалците 762,5 милиони евра. Германците се дури на шестото место со вредност од 742,5 милиони евра.

Во секој случај, гледачите (ако ги има …!!!???) во 12-те европски градови ќе можат да гледаат скапи фудбалски „ѕвезди“ кои вредат вистинско богатство (види комплетна табела на цената). Едно е јасно, годинава UEFA нема да прави одложување на Европското првенство. Тоа ќе се игра секако, и со публика, и без публика. Тоа веќе зависи од стивнувањето на пандемијата со корона вирусот.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register