ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ – 100 ГОДИНИ ФК БАЛКАН

По иницијатива на Благоја Георгиевски-Љољо, некогашен (долгогодишен) алфа и омега на ФК Балкан, директор на клубот во времето на Стококомерц, се снима документарен филм за клубот. Поводот е 100 години од формирањето на клубот (специјална торта изработена за тој јубилеј).

 

Снимањето на филмот беше пролонгирано заради смртта на Ванчо Георгиевски-Сурла (почина во декември 2021) претседател во најуспешните години на клубот кога го доби прекарот “Тајфунот од Чаир”. Во негово време Балкан Стококомерц од Втората македонска меѓурегионална лига -запад (сезона 1987/1988), преку Првата македонска лига, играше во Третата сојузна лига на Југославија – Исток каде го освои првото место и се пласира во Втората сојузна лига на Југославија. Сето тоа во континуитет, година за година.

 

Во првата (премиерна) сезона на државната Прва лига на независна и суверена Македонија (сезона 1992/1993) ФК Балкан Стококомерц заврши на трето место (зад Вардар и Силекс).

 

Клубот се натпреваруваше во наредните 10 сезони во ранговите на независна Република Македонија, кога по низа, пред се, финансиски проблеми престана да се натпреварува и згасна.

 

Документарниот филм се снима на разни локации во Скопје. Дел од овој документарец ќе бидат личности од повеќе генерации од 100 годишната историја на ФК Балкан Скопје.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register