Скромниот Мрме, неимар на репрезентативната фудбалска приказна

Селекторот Игор Ангеловски-Мрме ја доведе фудбалската репрезентација на Македонија пред пласман на Европско првенство во фудбал, нешто кое од 1992 година останало само сон на сите досегашни селектори. А, нив ги има повеќемина: од Андон Дончевски, преку Ѓоко Хаџиевски, Никола Џиџи Илиевски, Драган Канатларовски-Цапар, Ѓоре Јовановски, Мирсад Јонуз, Чеде Јаневски …

Па, странците: Слободан Сантрач, Сречко Катанец, Љубинко Друловиќ, Бошко Ѓуровски, Џон Тошак

Мрме дојде на селекторската позиција  на 16.10.2015 година, по отказот на неговиот претходник Љубинко Друловиќ на кој му беше помошник.

На премиерата како селектор со Црна Гора запиша пораз од (4-1), во наредниот натпревар уште еден пораз (0-1), од Либан. Тенкото искуство на најмладиот селектор на нашата репрезентација, лошиот ранкинг на листата на ФИФА, со свежиот дебакл во квалификациите, беше силен аларм сите „сили“ кои орбитираа околу нашиот национален тим срамежливо да се оттргнат од фудбалската репрезенатација. Така, се создаде простор да работи без никакви надворешни сугестии и влијанија …

За наредниот циклус на квалификации за Светското првенство, Мрме веќе го имаше оформено костурот на оваа генерација, изврте огромен број на играчи во националниот дрес, шанса добија скоро сите македонски фудбалери кои покажаа малку талент, посебно играчите од домашното првенство.

Природната и квалитетна селекција си го направи своето. Во тие квалификации со Шпанија, Италија, Израел и Албанија, Македонија немаше успех, заврши претпоследна на табелата, но на сите им стана јасно дека нашата селекција знае да игра фудбал.

Веќе во следниот циклус, прв од новоформираната Лигата на Нации, Македонија во групата Д заврши прва, со 5 победи од 6 натпревари. Тоа не однесе во полуфиналниот бараж со Косово преку кој не очекува историскиот финален бараж (ноември против Грузија).

За овој дуел Игор Ангеловски вели:

„Се израдувавме на победата над Косово, нека се радува Македонија. Но мора да заборавиме на еуфоријата, работата се уште не е завршена, следува историскиот натпревар против Грузија на 12. ноември. Покажавме сплотеност и не се поделивме по ниту една основа, нашите репрезентативци се големи луѓе. Одиме чекор по чекор, време за еуфорија ќе има, но прво да оствариме резултати кои ги сакаме и да се пласираме на крајот на тоа Европско првенство“, рече Ангеловски.

Игор Ангеловски е роден на 02.06.1976 година. Фудбалската кариерата ја започнува во Цементарница 55 од каде преминува во тимот каде најмногу беше запомнат како фудбалер Победа од Прилеп, од каде преминува во Публикум Цеље и ФК Срем од Војводина.

Кариерата како тренер ја започна во ФК Работнички. На неговата клупа беше во легендарната сезона на ФК Работнички во Европа, кога романтичарите ги победија Флора, Јелгава, Трабзонспор, стигнаа до четвртото квалификациско коло во кое немаа среќа и испаднаа од Рубин Казан.

Пред Мрме е нов предизвик кој се вика EURO 2020/21.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register