ШПАНЦИТЕ „ГИ ИЗМЕШАА ЛОНЧИЊАТА“ ,…!!!???

Добро утро, добар ден, среќен ден …

Пишувајќи се потсеќа: Мијалче Дургутов

Политиката и фудбалот не можат еден без друг, ама FIFA има строга забрана „дека не смеат да врват рака под рака“, со други зборови политичарите не смеат да ги назначуваат или сменуваат фудбалските челници ширум светот … Од тие причини Шпанската фудбалска федерација е на мета на FIFA и стои пред вратата која се вика – суспензија!!!

На времето, некаде средината на 80-те години, во поранешна СФР Југославија, во фудбалските води заплива едно (дотогаш) анонимно име (и презиме) во YU-фудбалските води … Се викаше – СЛАВКО ШАЈБЕР!!!

Од никаде дојден, со тефтерчето под рака и дипломата на дипломиран правник, Шајбер го растури првенството на бившата Југославија, го поништи заради наместени (или договорени) резултати. Лавината тргна …

За таа работа, мислам одлука на Славко Шајбер, решаваше Здружениот суд на СФР Југославија (!?), ако така му беше називот … Нејсе, судот си донесе одлука, фудбалот продолжи да си се игра, ама Шајбер остана запишан во аналите на светскиот фудбал …

Деновиве, некој нов Шајбер, ама со шпанска крв, се најде во канцелариите на FIFA и го крева показалецот кон Шпанската фудбалска федерација т.е. кон шпанските политичари кои почнале да се мешаат во фудбалот во оваа исклучително фудбалска земја, со исклучително фудбалска нација, со народ кој неизмерно го сака, да не речам – го обожава – фудбалот …

По тој повод, делегацијата на ФИФА имаше состанок со официјални лица од Фудбалската федерација на Шпанија и со членови на владата на таа земја за да разговараат за загриженоста поради мешањето на владата во работата на федерацијата.

На тој состанок присуствувале Хосе Рамон, претседателот на Сојузот за спорт, Де Виго, министерот за култура и спорт и Хуан Луис кој моментално ја води федерацијата како в.д. претседател. Детали од тој состанок не се објавени.

Сето ова доаѓа како последица на фактот дека во јули 2017 година шпанската полиција го уапси тогашниот претседател на федерацијата Анхел Марија Виљар, заедно со неговиот син и со две други лица. Уапсените беа обвинети за корупција, злоупотреба на средства и фалсификување на документи.

По сето ова, а во предвечерието на „мондијалот“ во Русија 2018, Шпанците се затечени „со прстот во уста“ и дилемата: може ли да се случи најлошото и нивната фудбалска федерација да биде суспендирана во контекст на учеството на „мондијалот“?

Голем залак и за FIFA, ама … Којзнае? Се може да биде кога е FIFA во прашање, разбира се …

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register