Рибас внесува уругвајски темперамент кај Гибралтарците: Македонија не е непобедлива…

Уругваецот Хулио Цезар Рибас е омилен лик во гибралтарскиот фудбал. Новиот селектор на Гибралтарците, именуван пред два месеци е желен тука да го внесе уругвајскиот спортски темперамент, а оваа мала земја, како што вели, да не биде „лузерска“.

„Јас имам една девиза дека во спортот нема непобедлив противник. Па, што ако Гибралтар е мал? Тоа значи дека нема што да загубиме… Никој од нас не очекува победа, но ние сме тука да се бориме за неа. Тоа сакам да ги научам фудбалерите. Нема противник кој не може да се победи. Па, и Македонија“ – вели Рибас во очекување на првиот меч од Лигата на нации на неговата селекција.

Рибас е поранешен репрезентативец на Уругвај, а претходно во својата тренерска кариера водел и голем број уругвајски тимови пред во 2016 година да се пресели во Гибралтар… „Јасно е дека ние сме тотални аутсајдери, но чувствуваме обврски во првиот историски меч на тлото на Гибралтар да одиграме најдобро што знаеме против Македонија и да се обидиме да изненадиме“ – вели Рибас.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register