НАТАША АНДОНОВА ГО ПОЧНУВА ФИНАЛЕТО НА КЛУПАТА …!?
НАТАША АНДОНОВА ГО ПОЧНУВА ФИНАЛЕТО НА КЛУПАТА …!?
Македонската фудбалерка Наташа Андонова, која ги брани боите на шпанскиот шампион Барселона, веројатно нема да биде во почетниот состав на финалниот натпревар против францускиот Лион кој се игра во Будимпешта
Мијалче Дургутов
(Известувач на „СКОК“ од Будимпешта)
По Дарко Панчев (1991) и Горан Пандев (2010), нашата фудбалерка Наташа Андонова ја испишува македонската фудбалска историја во UEFA Лигата на шампионите, овој пат во женска конкуренција. Ден 18 од месец мај, 2019 Господово лето. Ден на финалето на Лигата на шампионите во женска конкуренција. Ден кога македонскиот фудбал пишува нова страница во UEFA историјата.
После Дарко Панчев, кој во 1991 година со екипата на Црвена звезда го освои тогашниот Куп на шампиони, и после Горан Пандев кој со италијанскиот Интер стана првак на Европа во 2010 година во Мадрид, еве сега Наташа Андонова ја има шансата да биде прва македонска дама со титулата европски клупски фудбалски првак …
Сепак, според она што го дознав овде во Будимпешта од шпанските новинари, тренерот на Барселона Luis Kortes не планира да ја стави нашата репрезентативка во почетниот состав на неговиот тим. Тоа ми го пренесоа шпанските колеги врз база на нивните опсервации за време на подготовките и последните тренинзи кои ги следеле. Останува да видиме дали ќе биде така …???
Во секој случај, овде во Будимпешта, нашата фудбалерка ќе има поддршка од Македонците кои е дојдени тука да ја бодрат, а тоа е Диме Костов со неговата фамилија од Канада, кои направија и заедничка фотографија со Наташа Андонова.