ЛЕВАНДОВСКИ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА „THE BEST“ ЗА 2021 ГОДИНА …
Мијалче Дургутов и капитенот Стефан Ристовски го гласаа Левандовски како прв, селекторот Благоја Милевски прв го гласаше Жоржињо …
Светската интернационална фудбалска федерација (FIFA) во своето традиционално годишно гласање ги избра најдобрите во 2021 година. Церимонијата се одржа во Цирих, Швајцарија (17 јануари).
Притоа номинациите за избор на најдобрите се во неколку категории – најдобар фудбалер, најдобра фудбалерка, најдобар тренер (машка конкуренција), најдобар тренер (женска конкуренција), најдобар голман …
Во изборот на FIFA познат како „The Best“, правилата и пропозициите предвидуваат да гласаат по тројца претставници на 211-те членки на FIFA, и тоа по еден спортски новинар, капитенот и селекторот на „А“ репрезентацијата.
Претставници на Македонија во овој традиционален избор беа Мијалче Дургутов (новинар-гласаше по шести пат), Стефан Ристовски (капитен-прв пат) и Благоја Милевски (селектор-прв пат).
Еве ги дадените гласови на македонските претставници:
МИЈАЛЧЕ ДУРГУТОВ
- Роберт Левандовски
- Карим Бензема
- Мохамед Салах
СТЕФАН РИСТОВСКИ
- Роберт Левандовски
- Лионел Меси
- Кристијано Роналдо
БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ
- Жоржињо
- Роберт Левандовски
- Лионел Меси