13 ФЕВРУАРИ, 13 МИНУТА, ГОЛ НА ЈОСИП КАТАЛИНСКИ …

Добар ден, среќен ден … На денешен ден …

СРЕДА, ФРАНКФУРТ, ЗАПАДНА ГЕРМАНИЈА 1974 ГОДИНА…

13 ФЕВРУАРИ, 13 МИНУТА, ГОЛ НА ЈОСИП КАТАЛИНСКИ …

Беше среда, 13 февруари 1974 година, на стариот „Валд стадион“ во Франфурт, пред 63.000 гледачи, Југославија и Шпанија одиграа „мајсторка“ за пласман на Светското фудбалско првенство Germany 1974. Во 13 минута, центархалфот Јосип Каталински-Шкиља го постигна единствениот гол на натпреварот …

– Центрирав од десната страна на подалечната статива, Шкиља прво шутираше со глава, шпанскиот голман Ирибар кратко ја одби топката повторно до Каталински кој од неколку метри просто ја заби под пречката во мрежата, – остана запишана изјавата на Иван Буљан, тогашен фудбалер на сплитски Хајдук.

Со добиената „мајсторка“ Југославија се пласира на завршницата на јубилејното 10-то Светско фудбалско првенство кое се одржа во тогашната Западна Германија. Неколку денови пред почетокот на „мондијалот“ FIFA избра нов претседател. Тоа беше Бразилецот Жоао Авеланж кој дојде на местото на легендарниот Стенли Раус кој претходно беше прв човек на FIFA полни 13 години.

За истиот „мондијал“ беше направен нов пехар во старата форма на кои до ден-денес, и се до 2038 година, ќе бидат испишани имињата на светските прваци во фудбал.

Претходниот пехар замина во трајна сопственост на Бразил кој во 1970 година по трет пат стана светски првак и така го освои претходниот пехар на Жил Риме.

Светски првак стана СР Германија предводена од селекторот Хелмут Шен и капитенот Франц Бекенбауер.

Во истиот албум со насловната страница – голот на Каталински – нашиот ФК Вардар Скопје е официјално прогласен како клуб меѓу најдобрите 10 во СФР Југославија за периодот 1946-1974 година (ВИДИ ФАКСИМИЛ).

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register