YU-ЧИЛЕАНЦИТЕ СЕ ЕМОЦИОНАЛНА ФУДБАЛСКА ИСТОРИЈА …!!!
„Нема дрво без корен“ … Ниту фудбал без традиција … Репрезентацијата на Yugoslavia играла на првото Светско фудбалско првенство Уругвај 1930 година … Младата репрезентација на СФРЈ стана светски првак на првенството во Чиле во 1987 година …
Ако
ние забораваме – FIFA памети …!!!
На денешен ден (25 октомври 2018 година), пред 31 година Младата репрезентација
на СФР Југославија стана светски фудбалски првак …!!! „Мондијалот“ се играше
во Чиле, финалето на стадионот „Национал“ во Сантјаго.
На патот до финалето во групната фаза Југославија ги декласираа противниците:
ГРУПНА
ФАЗА
Југославија – Чиле 4-2
Југославија – Австралија 4-0
Југославија – Того 4-1
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Југославија – Бразил 2-1
ПОЛУФИНАЛЕ
Југославија – Источна ГЕрманија 2-1
ФИНАЛЕ
Југославија – Западна Германија 1-1 (5-4 на пенали)
Пишуваме за период во кој селекцијата на Аргентина го имаше Марадона, Холандија се гордееше со Ван Бастен, Бразил со Бебето, а Германците со Матијас Замер, Андреас Милер …
На сета таа силна конкуренција на репрезентации предводени од имиња кои подоцна ќе стана врвни фудбалери со светска слава, младинското Светско првенство во Чиле го освои селекцијата за која се сметаше дека ќе биде само учесник во групната фаза.
Еве ги имињата: Звонимир Бобан, Давор Шукер, Роберт Јарни, Роберт Просинечки, Игор Штимац, Предраг Мијатовиќ, Синиша Михајловиќ, Брновиќ, Лековиќ, Павловиќ, Павличиќ, Јанковиќ, Мијуциќ … со селекторот Мирко Јозиќ …
За најдобар играч на тоа Светско беше прогласен Роберт Просинечки, а втор стрелец беше Давор Шукер со 6 погодоци.
Таканаречените Чилеанци како што впрочем е и името на филмот кој 2017 година беше премиерно прикажан во Белград, раскажаа многу анегдоти од тоа незаборавно мундијалско дружење во Чиле.
Се сетија како смешно им стоеле оделата со кои отпатувале и како Штимац и Бобан седеле со девојки до пет сабајле.
Предраг Мијатовиќ го опиша славјето при првиот гол на СП:
-Толку многу трчав и се радував што ако немаше капија ќе продолжев да трчам и надвор од стадион.
Роберт Јарни направи разлика меѓу таа и сегашните млади генерации.
-Се сеќавам дека нас како деца не можеа родителите да не соберат дома, а денеска младиве морате на сила да ги терате да излезат и да се одлепат од тоа комјутерите и телефоните. Во наше време требаше да се избориме за да добиеме нешто.
Најсилните спомени ги има Давор Шукер.
-Во Чиле за прв пат во живот видовме киви и далечински управувач. Некои дури не ни ги лупеа кивите.
А Бобан рече:
-Тоа Светско првенство ни остана како темел на нашите животи и кариери. Речено во стилот на Балашевиќ `Некогаш навистина бевме генерација`. Бевме гордоста на цела Југославија. Србија и Хрватска многу тешко можат да повторат некој сличен успех во блиска иднина.
-Во Чиле бевме многу млади и не бевме свесни што не очекува, како и желни за докажување бидејќи играме пред цел свет. Напред не буткаше заедништвото и љубовта спрема овој спорт. Како што поминуваше првенството, така созревавме и ако фудбалери и како луѓе. Кога го шутирав последниот пенал во финале, сè ми се исмеша во стомак, без разлика на младинската препотентност и фудбалската виртуозност која беше нормална за нас десетките, – вели Бобан.
Бобан Бабунски беше единствениот Македонец кој беше избран во таа врвна генерација на Југославија. И покрај тоа што беше на подготовки, не отпатува за Чиле поради строгиот вардаров тренер Андон Дончевски … -Југословенската федерација веќе имаше извадено виза за мене, ја добив и опремата, но на два дена пред тргнувањето за Чиле бев суспендиран од тренерот Дончевски и ми беше забрането да и се приклучам на репрезентацијата. Тренерот беше лут поради неуспехот против Порто (порази со по 0-3 во Купот на европските шампиони со Вардар). Казни неколку фудбалери, меѓу кои бев и јас. Ми беше многу тешко, не играв 2-3 месеци и дури размислував и да ја прекинам фудбалската кариера, – стои во една изјава на Бабунски