Мурињо и одговорот до македонската новинарка, не повторливо

Реал Мадрид стигна до четвриот Супер Куп на Европа, Зинедин Зидан стана четвриот најтрофеен тренер на Реал Мадрид, но шоуто во Скопје се знае кој го украде. Нема, кога ќе каже нешто кажано е, плус само него му лежи вака

Со 2 трофеи во Лига на шампиони, 2 во Супер Куп, еден во Ла Лига и едно Светско клупско првенство, Зинедин Зидан стана четвртиот најтрофеен тренер во историјата на Реал Мадрид и тоа со неполни 2 години тренерска кариера. Како тргнал, за кусо време ќе го мине и Висенте Дел Боске кој има седум.

Вреди да се напомене и дека Зидан е вториот тренер кој успеа да го освои Супер Купот на Европа два години по ред. Претходно тоа го строи само Ариго Саки со Милан пред 27 години.

Иако во Скопје допатува еден лик како легендарниот француски играч, како и тројцата мега ѕвезди кои ги направија најскапите три трансфери во историјата на фудбалот, пред да се случи Нејмар: Роналдо, Бејл и Погба, целото медиумско внимание се знае кај оди, кај Жозе.

„Thе Special One“, стварно е посебен. Медалот им го даде на навивачите, а инаку специјалитет му се прес конференциите. Во тоа се увери и Наташа која по натпреварот го праша:

Дали ако мечот треба да почне сега за еден час, би промениле нешто во стартниот состав?

Мотајте веднаш на 6:40 да го чуете прашањето, па легендарниот одговор, ние го измотавме пет пати.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register

Scroll Up