Macedonia ante portas – World Cup Qatar 2022 …!!!

Македонија е пред фудбалската врата на Qatar 2022. Картагенскиот војсководец Ханибал триумфално ја победил римската војска, исто како што нашата фудбалска репрезентација ја дотепа Ерменија во Ереван како никогаш претходно во изминатите 27 години …

 

Исланд е “римско царство” за нашите фудбалери, Благоја Милевски е новиот наш Ханибал кој во недела (14.11.2021) треба да ги мотивира нашите рисови да одиграат против Исланд – “На штитот или со него”!!!

 

После EURO 2020, после приказната од Букурешт и Амстердам, со триумфалната победа против Германија (2-1) во Дуисбург (три бода кои ги донесе претходниот селектор Ангеловски и поранешниот капитен Пандев), имаме историска шанса да играме бараж за пласман на Светското фудбалско првенство Qatar 2022.

 

Селекторот Благоја Милевски и неговите избраници имаат квалитет, имаат потенцијал, имаат позитивна енергија, имаат реална можност да го победат Исланд …

 

Потоа, ќе го чекаме март 2022 и бараж натпреварот (првиот) против една од 10-те второпласирани репрезентации, плус двете најдобро пласирани од последниот циклус на Лигата на нациите кои не обезбедиле пласман за Катар преку квалификациите кои сега финишираат.

 

Да биде појасно, во баражот ќе играат 12 репрезентации по системот нокаут во еден натпревар (без реванш) на теренот на репрезентацијата која има подобар рејтинг. Шесте победници играат втор бараж натпревар по истиот куп-нокаут систем (повторно само еден натпревар), трите победници патуваат во Катар.

 

Првата рунда е против Исланд во недела во Скопје (14.11.2021, почеток 18,00 часот).

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register