ЈУЖНО-АМЕРИКАНЦИТЕ „КИНИСАА“ НАКАЈ КАТАР …!!!
Фантастични 17 милиони апликации за влезници од навивачите стигнаа до FIFA при што доминираат Аргентинците и Бразилците
Фудбалот е луда работа …!!! По информациите за пристигнатите апликации од навивачите за купување на влезници пристигнати до FIFA, јасно е дека „мондијалот“ Qatar 2022 нема да пропадне …!!!
Гаранција за тоа се 17 милиони (седумнаесет милиони) апликации со барање за влезници за Светското фудбалско првенство и тоа во првата фаза на продавање на влезници (среќниците кои ќе можат да купат влезница ќе се знаат на 08 март).
Во оваа луда бројка од 17 милиони апликации доминираат домаќините (Катар брои помалку од еден милион жители). Потоа следуваат Аргентинците, навивачите од САД, па Бразилците.
Од европските земји најмногу апликации за купување на влезници стигнале од Англија и Франција.
Цените на влезниците, оние најниските, се движат од 11 долари (за жителите на Катар) до 70 долари (за странците). Ова се цени на влезници во првата фаза кога репрезентациите ќе играат по групи.
Македонската фудбалска репрезентација ќе игра бараж натпревари за евентуален пласман на „мондијалот“ во Катар. Првиот натпревар е против Италија (24 март), доколку победиме ќе играме со победникот од дуелот Португалија-Турција (29 март повторно на гостински терен).