Миле Тодоровски: Ми се исполни детскиот сон да играм во најдобрите македонски клубови

Од ФК Мукос од сelo Дреновци , Прилепско, па преку 11 Октомври, Балкан Стокомерц, Победа, Пелистер и Вардар, Миле Тодоровски игра во сите можни лиги во првенствата на поранешна Југославија. Кариерата потоа ја продолжува во Сиднеј Македонија и ги продолжува успесите како фудбалер и како тренер. Двапати е прогласуван за тренер на годината.

Со само 16 години Миле Тодоровски се изборува за првотимски статус во ФК. Мукос од с. Дреновци кој се натпреварува во општинската лига во Прилеп. Неспорниот талент за фудбал го надополнува со макотрпно тренирање и учење на фудбалските вештини за како што вели самиот еден ден да игра за најдобрите македонски екипи.

  • Мојата желба и моите соништа како дете не беа само да играм во општинска лига, туку многу поголеми. Сакав да играм фудбал на високо ниво во квалитени екипи и затоа тренирав секојдневно ги учев фудбалските вештини и ја чекав мојата шанса, – ни вели Тодоровски.

Фудбалскиот пат на Миле потоа продолжува во ФК. 11 Октомври, Балкан Стококомерц за да конечно во 1987 година се врати во Победа од Прилеп која во тоа време се натпреварува во втората лига – исток на поранешна Југославија.

“Тоа беше една од најдобрите екипи на Победа. Бевме хит на првенството. Игравме пред полни трибини и тоа беше празник за очи”- се сеќава Миле Тодоровски.

 

 

Но, тој се сеќава и на незаборавните Пелагонски дерби натпревари меѓу Победа и Пелистер.

“Играв на едно кое за жал го изгубивме со 3:1 и тоа како домаќини во Прилеп. Полн стадион, прекрасна атмосвера но моравме да им ја честитаме победата на битолчани”.

Од Прилеп, Миле потоа се сели во Битола, во Пелистер. Но, само после 4 натпревари неговата регистрација и за соиграчот Тони Наумовски се утврдило дека се нерегуларни. Биле вратени во Победа како никогаш да не играле за Пелистер.

Миле се сеќава и на оваа случка.

“Иронијата да биде поголема за тие 4 натпревари постигнав и два гола. Против Напредак од Крушевац се случи токму јас и Тони Наумовски да ги постигнеме двата гола со кои победивме. Потоа спортскиот суд во Белград донесе одлука дека ние двајцата немаме право да играме за Пелистер и како никогаш да не сме играле а бодовите освоени со нашите голови им останнаа на Пелистерци”.

Кариерата потоа ја продолжува во најторфејниот македонски клуб Вардар во годинната кога испаѓа од првата југословенска лига.
“Останав во Вардар нешто повеќе од една година. Не можам да бидам задоволен од тоа колку играв во Вардар. Конкуренцијата беше силна и во тоа време во Вардар играа најдобрире фудбалери од Македонија. Сепак за мене беше чест што сепак го носев црвено-црниот дрес на неколку натпревари”.

 

Со тоа му се исполнува и детскиот сон на Миле да игра за најдобрите македонски екипи и игра во сите можни лиги во поранешна Југославија. Од општинските па се до првата лига.
Миле вели дека бил особено среќен што бил дел и од првото првенство во самостојна Македонија.

“Во 1993 година бев дел од Победа. Одиграв 17 натпревари и постигнав 9 голови . Горд сум што бев дел и од првото првенство во независна Македонија”.

Фудбалскиот пат на Миле потоа продолжува во Австралија, во клубот на македонската заедница Сиднеј Македонија, каде ја завршува и играчката кариера во 1999 година.

“Не ми претставуваше проблем да се адаптирам на австралискиот фудбал. Важев за играч кој многу трча и некако ми беше полесно да се привикнам на овдешниот стил на игра”.

Веднаш по доагањето во Сиднеј, Миле Тодоровски се радува на две шампионски титули освоени со Сиднеј Македонија во 1993 и 1994 година. Но, тој вели дека посебно драга му е титулата освоена во купот на Нов Јужен Велс во 1994 година.

“Водени од тренерот Љубе Јанчев направиме незаборавен успех. До финалето победивме две екипи од Националната лига а во финалето го совладавме и Сиднеј Олимпик со 2:1 на голема радост на македонската заедница”.

Во 1999 година Миле полека се повлекува од играњето фудбал но останува и понатаму во фудбалот. Ја започнува тренерската кариера. На зелените терени ги води Сиднеј Македонија, Рокдејл Илинден и Ливерпул боси.

Во 2002 година во супер лигата на Нов Јужен Велс со Рокдејл Илинден го освојува првото место со само еден пораз на 24 натпревари и ја внесува екипата во Премиер лигата.

Успеси бележи и со Ливерпул боси. Круна на неговата тренерска кариера секако се наградите за најдобар тренер во 2008 и 2009 година во супер лигата на Нов Јужен Велс.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register