ЛИВЕРПУЛ ГО НОСИ ПЕХАРОТ ДОМА …

Во изедначено финале, со не толку многу шанси за гол, во тактичко надмудрување меѓу тренерите Клоп и Покетино, со головите на Салах во 2 минута (пенал) и Ориги во 87 минута, Ливерпул го победи Тотенхем и го освои пехарот на Лигата на шампионите што направи терен за голема радост на неговите навивачи после натпреварот

 

Наташа Петровска Дургутов
(Известувач на „СКОК“ од Мадрид)

 

Ливерпул и неговиит тренер Јирген Клоп, заедно со навивачите, се на крилјата на радоста: ЛИВЕРПУЛ Е НОВ ЕВРОПСКИ ПРВАК …!!! Во изедначено финале, со не толку многу шанси за гол, во тактичко надмудрување меѓу тренерите Клоп и Покетино, со головите на Салах во 2 минута (пенал) и Ориги во 87 минута, Ливерпул го победи Тотенхем и го освои пехарот на Лигата на шампионите што направи терен за голема радост на неговите навивачи после натпреварот.

Се почна во знакот на победниците. Гледачите се уште прописно не ги беа зазеле своите места на удобните седишта на стадионот „Vanda Metropolitano“, а главниот судија Дамир Скомина свирна пенал за Ливерпул. Големиот семафор ја покажуваше првата минута кога Скомина свирна прекршок во 16-от на Тотенхем, а Мохамед Салах во вторите 60 секунди од финалето постигна гол со удар од белата точка и му донесе водство на својот тим. Бура од одушевување меѓу фановите на Ливерпул донесе голот на Салах …

Малку кој очекуваше дека на наредниот гол ќе се чека полни 85 минути. Имаше шанси за тоа и далеку порано, и едните и другите, иако не беа кој знае колку многу, но – гол немаше …!!! Изедначената игра придонесе за мал пад во темпото на играта. Фудбалерите на Ливерпул се обидуваа „да ја згазнат топката“, од другата страна оние на Тотенхем играа по малку нервозно, неповрзано, брзаа да дадат што поскоро гол. Таквата игра не донесе плод, барем не резултатски.

Тренерот на Тотенхем, Маурицио Покетино држеше до таа тактика и во второто полувреме. Не менуваше играчи се до 66 минута кога Moura влезе на местото на Winks. Toa малку ја размрда играта на „топџиите“, ама гол немаше. На другата клупа, Јирген Клоп развиваше поинаква теорија. Иако неговиот тим водеше, тој прв направи измена во вторите 45 минути внесувајќи го во игра Origi кој го замени Firmino. Се играше 58 минута кога, подоцна се покажа, Клоп го направи вистинскиот потег. Четири минути подоцна во игра влезе и ветеранот Milner. Покетино не реагираше на тоа, остана на старото.

Три минути пред регуларниот тек на натпреварот, нововлезениот Origi го оправда потегот на неговиот тренер и го постигна вториот гол за Ливерпул. Тоа беше дефинитивен крај за Тотенхем и почеток на славјето за Ливерпул.

СОСТАВИ:
Тотенхем:
Loris, Trippier , Rose, Alderweireld , Vertonghen, Son, Winks (66 Moura), Kane, Sissoko (74 Dier), Alli (81 Lorente), Eriksen.

Ливерпул:
Alisson Becker, Fabinho, Van Dijk, Wijnaldum (62 Milner), Firmino (58 Origi),  Mané (90 Gomez),  Salah, Henderson, Robertson, Matip, Alexander-Arnold.

СУДИИ НА НАТПРЕВАРОТ:
Referee
Damir Skomina (SVN),
Assistant referees
Jure Praprotnik (SVN)
Robert Vukan (SVN)
Video Assistant Referee
Danny Makkelie (NED)
Fourth official
Antonio Mateu Lahoz (ESP)

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register

Scroll Up