ЏАНИ ИНФАНТИНО БЕЗ ПРОТИВ-КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА FIFA …!!!???

Во FIFA – ништо ново …!!! Светската фудбалска асоцијација, најбројна во светски рамки (209 членки) и поголема по бројот на членки дури и од Организацијата на обединетите нации (ООН брои 192 членки) и од INTOSAI – Светската меѓународна ревизорска организација (вкупно 193 членки) треба да избере нов претседател.

Во таа насока, актуелниот прв човек на FIFA, Џани Инфантино нема да има свој против-кандидат!!! Тоа е потврдено откако рокот за пријавување на кандидати за претседател на FIFA истече на 05 февруари (до полноќ).

Не така одамна, Швајцарецот Рамон Вега беше заинтересиран за оваа позиција. За тоа му беа потребни потписите за поддршка од само пет национални фудбалски федерации кои се членки на FIFA.

Во тој контекст, поранешниот фудбалер на Грасхоперс, Каљари, Тотенхем, Селтик и Ватфорд имаше дадено изјава …

– Поддршката од пет федерации не е проблем. Патував низ светот и се сретнав со многу луѓе од фудбалот и политиката. Многумина од нив ми дадоа отворена подршка бидејќи гледаат позитивно дека постои алтернатива за FIFA …

Како што излезе работава, Вега не собрал ниту пет потписи за поддршка за претседателските избори на FIFA кои ќе се одржат на 5 јуни годинава во Париз.

Да потсетиме, Инфантино беше избран за наследник на Јозеф Сеп Блатер во февруари 2016 година.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register

Scroll Up