Светско фудбалско првенство за фудбалери под 20 години

ГИ НЕМА ГЕРМАНИЈА, СРБИЈА, АНГЛИЈА … !!!

Меѓу 24-те репрезентации шест се од Европа (UEFA), по четири селекции доаѓаат од Азија (AFC), Африка (CAF), Средна Америка (CONCACAF) и Јужна Америка (CONMEBOL) и две од Австралија и Океанија (OFC)

Актуелниот светски првак репрезентацијата на Србија (под 20 години), која на последното Светско првенство Нов Зеланд 2015 година во финалето го победи Бразил (2-1), нема да игра на претстојното Светско првенство Полска 2019 година. Србите не се квалификуваа и со тоа не успеаја да се стекнат со можноста да ја бранат титулата.

Во Полска нема да игра ниту Бразил кој не успеа да се квалификува од CONMEBOL зоната. Инаку, Бразилците играа на три од последните четири финалиња (победија во Колумбија 2011 година).

Покрај нив на овој „мондијал“ нема да играат репрезентации (под 20 години) како што се: Германија, Англија, Белгија, Португалија…

На „мондијалот“ ќе играат 24 репрезентации. Од нив шест се од Европа (UEFA), по четири селекции доаѓаат од Азија (AFC), Африка (CAF), Средна Америка (CONCACAF) И Јужна Америка (CONMEBOL) и две од Австралија и Океанија (OFC).

Еве го комплетниот список на репрезентациите по зони:

UEFA – Франција, Италија, Норвешка, Полска, Португалија и Украина

AFC – Јапонија, Јужна Кореја, Катар и Саудиска Арабија

CAF – Мали, Нигерија, Сенегал и Јужна Африка

CONCACAF – Хондурас, Мексико, Панама и САД

CONMEBOL – Аргентина, Колумбија, Еквадор и Уругвај

OFC – Нов Зеланд и Тахити

Светското првенство Poland 2019 ќе се одржи од 23 мај до 15 јуни во шест градови во Полска. Свеченото отворање е во Лублин, а финалето во Лоџ.

Жрепката за финалниот дел ја извршија фудбалските асови Португалецот Фернандо Коуто и Бразилецот Бебето.

Еве го списокот на сите градови каде ќе се играат натпреварите од завршницата на овој „мондијал“:

https://www.fifa.com/u20worldcup/destination/

https://www.fifa.com/u20worldcup/teams/

https://www.fifa.com/u20worldcup/matches/

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register

Scroll Up