АНГЛИСКИОТ СУПЕР-КОМПЈУТЕР ВЕЛИ: БРАЗИЛ ЌЕ БИДЕ НОВИОТ СВЕТСКИ ПРВАК …!!!

Добар ден, среќен ден …

Англиските frontmen компјутерџии си поиграа со своето (нај)ново достигнување – нивниот супер-компјутер!!! Го ставија своето машинче во употреба со цел да каже: кој ќе биде победник на претстојното Светско фудбалско првенство Rusia 2018?

Компјутерската машина го кажа своето и преку симулираните резултати со кои репрезентацијата на Бразил би требало да биде новиот светски првак.

Имено, според компјутерот Бразилците ќе бидат првопласирани во „Е“ групата каде играат со Швајцарија, Костарика и Србија.

Во втората рунда која се игра на елиминации, Бразил треба да го победи Мексико со 3-0, потоа да ја елиминира Белгија во четвртфиналето по изведување на пенали.

Во полуфиналето Бразилците треба да се подобри од Франција, а во големото финале треба да ја победат и Шпанија.

Еве ги комплетните резултати од вториот круг на „мондијалот“ спрема симулацијата на англискиот супер-компјутер:

Осминафинале:
Египет – Португалија 2-1
Франција – Аргентина 2-1 (по продолженија)
Бразил – Мексико 3-0
Белгија – Колумбија 2-1
Шпанија – Уругвај 2-1
Исланд – Перу 1-0
Германија – Србија 3-1
Полска – Англија 1-2 (по продолженија)

Четврт-финале:
Египет – Франција 1-3
Бразил – Белгија 2-2 (победа на Бразил на пенали)
Шпанија – Исланд 4-1
Германија – Англија 3-2

Полуфинале:
Франција – Бразил 1-3
Шпанија – Германија 1-0

Финале:
Бразил – Шпанија 2-1

 

0 Comments

Leave a Comment

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register

Scroll Up