Љубовна фудбалска приказна која не се повторува

Гај Ру е татко на Оксер, француски клуб каде беше тренер полни 44 години, а претходно девет години играше за истиот клуб … Бајка базирана на искрена љубов и верност кон еден клуб која не се повторува и која ќе остане во аналите на спортот како инспирација за снимање филм

 

 

Дали се сеќавате на славните фудбалери од типот на Ерик Кантона, Лорен Блан, Жибрил Сисе, Филип Мексес, Тарибо Вест, Жан-Алан Бумсонг, Стефан Далма… Сите овие фудбалски „ѕвезди“ се производ на тренерот Гај Ру. Тој се смета за татко на Оксер на кој му беше тренер полни 44 години, почнувајчи од далечната 1961 година, па се до 2005 година. Претходно, Гај Ру беше фудбалер на Оксер …

Еве дел од неговата приказна …

Гај Ру, личност на кој му завидува и Сер Алекс Фергусон. Се работи за најверниот тренер во историјата на фудбалот, а можеби и во сите спортови. Легенда е несоодветен збор за да се опише овој човек. Приказната за него е историска, пример за верност. Се случува еднаш на 1.000 години.

Гај има 23 години кога игра за Оксер. Потоа, успева да седне на тренерската клупа преку писмо до претседателот на клубот:

„Ако ми го дадете тоа место, нема да барам премии и ќе се задоволам со плата од 600 франци“.

Претседателот без размислување му ја исполнува желбата на младиот фудбалер и му ги дава клучевите од соблекувална, а тој станува најмлад тренер во историјата на фудбалот.

Оксер во тоа време е дел од регионалните првенства, а со него набрзина успеваат да се квалификуваат во Championnat de France amateur, што е четврта лига по ранг. Во тој период Гај се обидува да создаде амбиент во кој ќе доминираат љубовта и верноста кон клубот.

Пред секој тренинг заедно со играчите оди во посета на селаните, работниците во фабриките и обичниот народ за да создаде силна врска меѓу градот и екипата.

Благодарение на овие негови иницијативи, создава позитивна клима и во 1974-та клубот стигнува до втора лига. Пет години подоцна во 1979-та Оксер се најде на сите насловни страни откако успеа да стигне до финалето во Купот на Франција

„Задоволен сум што загубив, но позадоволен сум што успеав на оваа нација да и покажам дека се роди нов фудбалски клуб во Франција кој порано или подоцна ќе стане шампион. Овие играчи ќе бидат татковци – основачи на еден клуб кој ќе стане историски“, изјави Гај Ру.

Од тој момент во 1980 година успеа да го однесе клубот во прва лига, потоа освои 4 трофеи во Купот на Франција, а во сезоната 1995/1996 стана шампион на Франција.

Еден од клучните фактори поради кои стигна до овие успеси е стратегијата од која не отстапуваше, а тоа е форсирање на играчи од младинскиот сектор во кој клубот целосно се посвети со работа. Гај немаше пари за купување скапи играчи, туку самиот создаваше таленти.

Login

Welcome! Login in to your account

Remember me Lost your password?

Don't have account. Register

Lost Password

Register

Scroll Up